ВИДЕО: Пјаниќ трагичар во ремито на БиХ, Италија со шест гола го „наполни“ Лихтенштајн

Супер интересен натпревар одиграа Босна и Херцеговина и Грција во Зеница, а на крајот дуелот заврши без победник (2-2). Тимот на Роберт Просинечки имаше убава предност по првите 45 минути, но на крај дозволи противникот да се врати во игра и да си замине дома со еден освоен бод.

Само што започна натпреварот, Един Вишќа го отвори резултатот и тоа по вториот обид, откако доби додавање од Миралем Пјаниќ директно од корнер. Тој налета на работ на шеснаесетникот на гостите, каде што немаше никого, и најпрво шутираше во блокот, а потоа и во мрежата на Грците (1-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Пет минути подоцна, трибините на „Билино Поље“ во Зеница одново експодираа. Овојпат погоди Пјаниќ со прекрасен удар од слободен удар од 30 метри. И покрај тоа што поседот беше на страна на грчките фудбалери, поголемите шанси за гол ги направија Босанците, кои ја дочекаа паузата со висока позитива.

Работите станаа интересни кога Пјаниќ заработи црвен картон, а Костас Фортунис погоди за намалување на предноста на домаќинот во пресрет на последните 20 минути од мечот. Босанските фудбалери одиграа во целосна дефанзива до крајот, што им дозволи на противничките играчи да нападнат со сите сили и на крај да стигнат до посакуваниот бод. Херој на Грција беше Димитрис Коловос, кој ја затресе мрежата на Ибрахим Сехиќ за 2-2.

Вториот меч од оваа група исто така донесе домашна победа. Фаворизираната Италија очекувано го декласира Лихтенштајн (6-0) и изби на врвот на табелата со шест бода. Фабио Кваљарела реализира два удари од белата точка во првиот дел и заедно со Стефано Сенси и Марко Верати ја најава голеадата на „Енио Тардини“.

  • Извештај од натпреварот: 

Напаѓачот на Сампдорија стана највозрасниот репрезентативец на „азурите“ кој се запишал во листата на стрелци. Сензацијата Моизе Кин се надоврза со свој погодок и ја продолжи голгетерската серија во националниот тим, а точка на мечот стави Леонардо Паволети.

Швајцарија пропушти висока предност и ремизираше на домашен терен. Фудбалерите на Владимир Петковиќ освоија бод во дуелот со Данска (3-3), иако имаа предност од 3-0 до самиот финиш. Неверојатно е како Швајцарците ја испуштија предноста и Далгард во 94. минута донесе голем бод за Скандинавците.

  • Извештај од натпреварот: 

Република Ирска со еден гол во мрежата на Грузија (1-0) стигна до втор триумф во групната фаза.

  • Извештај од натпреварот: 

Европско првенство, Квалификации, Група J
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ИталијаИталија 6 6 0 0 18:3 15 18
2 ФинскаФинска 6 4 0 2 8:4 4 12
3 ЕрменијаЕрменија 1 6 3 0 3 12:11 1 9
4 Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина 1 6 2 1 3 12:11 1 7
5 ГрцијаГрција 6 1 2 3 7:10 -3 5
6 ЛихтенштајнЛихтенштајн 6 0 1 5 1:19 -18 1