ВИДЕО: Пјаниќ претера и сподели снимка од соблекувалната со експлицитна содржина

Јувентус славје

Голема беше радоста кај фудбалерите на Јувентус кои со победата над Фиорентина ја обезбедија титулата во Серија А.

Ова е осми последователен шампионски трофеј за „старата дама“ што е апсолутен рекорд во најдобрите пет лиги во Европа. Воедно, тоа е прва радост за Кристијано Роналдо кој стана единствениот фудбалер кој ги освоил првенствата во Шпанија, Англија и Италија.

Од стадионот заедно со навивачите, прославата се префрли во соблекувалната. Социјалните мрежи беа преполни со видеа од славјето на избраниците на Масимилијано Алегри.

Најинтересното и воедно најексплицитното го сподели Миралем Пјаниќ. Додека правеше пренос на атмосферата од соблекувалната, Босанецот со телефонот сними неколку соиграчи кои голи се прскаа со шампањско.