Пјаниќ останува недостижен, одбиена понуда од 60 милиони од Реал

Миралем Пјаниќ понуда

Според информациите на италијански „Тутоспорт“, Миралем Пјаниќ ќе остане во Јувентус и наредната сезона, и покрај интересот и богатата понуда на Реал Мадрид.

Босанецот е на радарот на тимот од шпанската престолнина од почетокот на летото, а за него беа понудени 60 милиони. Но, ниту тоа не ги премисли челниците на „старата дама“, кои посакуваат да го задржат костурот на екипата за да ги напаѓаат сите трофеи во новата сезона.

Неколку екипи го посакуваат играчот за врска во своите редови, но најавено е дека тој ќе остане верен на екипата од Торино и ќе го продолжи договорот до 2021 година.

Пјаниќ ја започна кариерата во младинските категории на Мец, каде го имаше дебито во сезоната 2007/08. Од тој момент не престана да се развива како фудбалер, што најпрво му донесе трансфер во Лион, па во Рома, за на крај да заврши во редовите на Јувентус.

Флорентино Перез никако да се помири со загубата на Матео Ковачиќ, кој замина на позајмица во Челзи, па очајно се обидува да ја пронајде неговата замена ова лето.