Пјаниќ казнет со два меча неиграње, ги пропушта Финска и Италија 

Европската фудбалска асоцијација објави дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ е казнет со два натпревари неиграње, поради директниот црвен картон добиен на мечот против Грција во квалификациите за ЕП 2020.

Фудбалерот на Јувентус заработи директен црвен картон и неизбежна беше казна од повеќе од еден натпревар. Откако остана сочовек помалку БиХ ја прокоцка двојната предност и натпреварот заврши 2-2. 

Пјаниќ нема да настапи на двата јунски натпревари против Финска и Италија, па селекторот Роберт Просинечки ќе мора да бара алтернативи за својот најдобар фудбалер.

Босна и Херцеговина квалификациите ги започна со четири бода од два одиграни натпревари.

Европско првенство, Квалификации, Група J
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ИталијаИталија 4 4 0 0 13:1 12 12
2 ФинскаФинска 4 3 0 1 6:2 4 9
3 ЕрменијаЕрменија 2 4 2 0 2 7:6 1 6
4 ГрцијаГрција 1 4 1 1 2 6:8 -2 4
5 Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛихтенштајнЛихтенштајн 4 0 0 4 0:13 -13 0