Навивачите на Барселона не се одушевени од трансферот на Пјаниќ

Миралем Пјаниќ од Јувентус е на чекор до трансфер во редовите на Барселона, арно ама играчот во минатото има изјава која нема да им се допадне на Каталонците.

Шпански „Спорт“ објави интервју на Босанецот во кое тој потенцира дека е навивач на Реал Мадрид. Истото е направено додека тој беше член на италијанска Рома.

„Во моментов сум среќен во Рома, не знам дали ќе си заминам во текот на летото. Ако ме прашувате за омилен тим ќе кажам дека тоа е Реал Мадрид“, изјави тогаш Пјаниќ.

30-годишниот фудбалер според најавите ќе замине во Барселона, а на негово место во Јувентус ќе пристигне Артур. Навивачите не се одушевени, веќе на социјалните мрежи на големо го коментираат неговото минато, но и покрај тоа, трансферот е пред реализација.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.