ВИДЕО: Пјаниќ и Џеко ја израдуваа БиХ, хет-трик на Мугоша за Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го одбрани домашниот терен од разиграната Финска (3-2) и останува лидер во групата од Лигата Б во рамки на Лигата на нациите.

Најдобрите играчи на „фанатикосите“ диригираа на теренот и донесоа важни три бода за домашниот тим во последниот јунски натпревар. Миралем Пјаниќ и Един Џеко направија се за бодовите да останат во Зеница.

Уште во 5. минута Пјаниќ донесе предност за БиХ од пенал, но потоа, Финска со два гола во осум минути преку Пуки и Калман направи пресврт (1-2). Се играше 29. минута кога Пјаниќ асистира до Џеко за 2-2, а потоа, напаѓачот на Интер во 58. минута ги постави конечните 3-2.

  • БиХ - Финска 3-2:

Висока победа забележа и Црна Гора на гостувањето кај Романија (0-3), но останува на второто место зад БиХ. Хет-трик постигна 30-годишниот Стефан Мугоша. Украина за првпат испушти бодови во новата сезона на Лигата на нациите, на неутрален терен ремизира со Република Ирска (1-1). Гостите водеа на полувремето благодарение на голот на Колинс во 31. минута, а бодот за домаќинот на хартија во Лоѓ го донесе Довбик во 47. минута.

  • Романија - Црна Гора 0-3:

Во рамки на Лигата Ц, Турција остана перфектна и со четвртата победа во четвртиот меч, овој пат над Литванија (2-0) си го отвори патот кон плеј-офот. Ајхан и Чалханоглу стрелаа за Турците. Во вториот натпревар, Луксембург и Фарски Острови одиграа реми (2-2).

Во Лигата Д, Лихтентшајн на домашен терен беше поразен од Летонија (0-2) со два гола на Гутковскис. Летонците се првопласирани на табелата во групата 1 со три победи на три меча.

Состави

Faruk Hadzibegic

4-3-3

    Markku Kanerva

    5-3-2