Пивковски се повреди, во „аут“ до крајот на сезоната

Филип Пивковски, напаѓачот кој беше дел од младинската репрзентација на Македонија, заработи незгодна повреда во дресот на шведска Ландскрона и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

На последниот меч со Мјалби, тој го повредил стапалото, а Агим Сопа, тренерот на тимот кој до пред скоро време беше дел од У21-тимот, соопшти дека по консултација со медицинскиот тим е донесена одлука Пивковски да не игра фудбал до крајот на сезоната.

Поради повредата, Пивковски можно е да замине и на операција, доколку е потребна.