Питер Бош го затвори кругот: По Ајакс и Феенорд го презеде и ПСВ

Руд ван Нистелрој е веќе минато - ПСВ Ајндховен го назначи Питер Бош за негов наследник. Искусниот тренер потпиша тригодишен договор, и со тоа го затвори својот круг во Холандија бидејќи ги водел трите најсилните клубови: Феенорд, Ајакс и сега и ПСВ Ајндховен.

Кога го напушти Ајакс во 2017 година и ја презеде Борусија Дортмунд му се предвидуваше одлична кариера, но на „Вестфален“ беше сменет по неполни шест месеци. Потоа се пресели во Баер Леверкузен, каде имаше три одлични сезони, но направи голема грешка што отиде во Лион, бидејќи доби отказ во октомври 2022 година.

По одморот, тој пристигнува на „Филипс стадион“ за да се обиде да ја врати титулата холандски првак, која сега е во витрините на Феенорд. ПСВ Ајндховен ја заврши сезоната со освојување на Купот на Холандија.