Пирова победа: Наполи и Елмас се збогуваа со Лига Европа (ВИДЕО)

Екипата на Наполи на домашен терен ја совлада Гранада (2-1), но поради поразот на гостински терен во Шпанија со два гола доживеа елиминација во 1/16-финалето од Лигата на Европа.

  • Извештај од натпреварот:

Наполитанците ја оправдаа фаворитската улога, но скапо ги чинеше невниманието во средината на првиот дел кога примија гол на домашен терен и си ја закомпликуваа работата. Така, Италија остана пократка за еден претставник во Лига Европа, а Џенаро Гатузо и неговите фудбалери ќе се фокусираат на Серија А во целост затоа што немаат друг фронт на кој играат.

Резултатот на „Диего Армандо Марадона“ се отвори рано, уште во 3. минута, кога Зиелински погоди по асистенција на Бакајоко. Од првата сериозна шанса Гранда изедначи на 1-1 во 25. минута, кога погоди Монторо, а победата ја донесе Фабио Руиз во 59. минута.

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас тргна од првата минута на овој натпревар, а на терен беше се до 60. минута кога на негово место влезе Дриес Мертенс.

Гранада е втората шпанска екипа која ќе игра во осминафиналето на Лигата на Европа, по Виљареал.