ВИДЕО: Тинејџер донесе пирова победа за Рома, Оле со Јунајтед по титулата во ЛЕ

Екипата на Рома на домашен терен славеше над Манчестер Јунајтед (3-2), но победата е пирова затоа што римјаните застанаа во полуфиналето од Лигата на Европа поради високиот пораз во првата средба во Англија.

  • Извештај од натпреварот:

Англискиот премиерлигаш беше убедлив на првата средба и ја демолира Рома (6-2), па јасно беше дека формалност ќе биде реваншот во Рим и дека Манчестер Јунајтед ќе игра за титула. Оле Гунар Солскјер ја заврши работата, па во финалето на Лигата на Европа ќе се бори за прв трофеј како тренер на Манчестер Јунајтед.

Мечот на „Олимпико“ почна со притисок на Манчестер Јунајтед. Домашните имаа две добри шанси преку Единсон Кавани, ама Уругваецот не успеа да реализира. Виновник за тоа беше голманот Миранте при едниот шут, додека при вториот, еден лоб-обид, топката ја стресе пречката од голот на „волчицата“. Рома потоа се разбуди, почна да притиска, а летаргичноста на Јунајтед поради водството се покажа на стартот на вториот дел, кога домаќинот даде два брзи гола во три минути. Прво погоди Един Џеко во 57. минута, за во 60. минута да следи гол и на Брајан Кристанте, за комплетен резултатски пресврт (2-1).

По двата дадени гола, во две минути Рома имаше две прекрасни шанси и за трет гол. Џеко и Педро не успеаја да го надмудрат Давид Де Геа, иако се наоѓаа во добри позиции. Тоа го казни Единсон Кавани со вториот гол, откако во 68. минута доби топка од Бруно Фернандез и ладнокрвно реализира.

Солскјер потоа ги повлече Кавани и Фернандез, а Рома успеа да дојде до трет гол. Утешната победа за Рома ја донесе тинејџерот Залевски, кој на 19 години дебитира во сениорскиот фудбал и погоди во 83. минута за конечни 3-2. Сепак, во финалето ќе игра Манчестер Јунајтед, кој ќе се соочи со Виљареал.