• Иван Димовски
Екипата на Монца извиси за место во плеј-оф финалето во разигрувањето за пласман во Серија А, откако запиша пирова победа над Цитадела од 2-0 (0-0). Првиот натпревар и триумфот од три погодоци го одлучи двомечот, па избраниците на Кристијан Броки ќе останат во вториот ранг на италијанскиот фудбал.
Тимот кој е сопствеништво на Силвио Берлускони, а директор е Адриано Галијани тргна офанзивно, но Цитадела добро се бранеше. Марио Балотели и Марко Д'Алесандро донесоа славје на Монца и предност од два голови во завршницата, но недостигаше уште еден за израмнување.
Иако имаа шанси, идните соиграчи на Лука Станковски не успеаја во замислата и следната сезона ќе останат да се натпреваруваат во Серија Б. Момчето кое за еден милион евра прејде од Работнички во Монца ќе се приклучи на соиграчите со стартот на подготовките, но за жал наместо во првата ќе игра во втората лига во Италија.
Претходно ниту Лече на Бобан Николов и Леонард Жута не успеа да стигне до финалето, па во Серија Б, барем според сегашните состави, следната сезона ќе играат тројца Македонци.