• Горан Упале
Екипата на Нотингем Форест ги продолжува настапите во Лигата на Европа, откако со вкупни 4-3 го елиминира турскиот гигант Фенербахче. По триумфот во Турција од убедливи 0-3, вечерва на реваншот на „Сити Граунд“ премиерлигашот долго време си поигруваше со нервите на своите фанови, но на крај и покрај поразот од 1-2 ја оствари целта и се пласира во осминафиналето во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
- Нотингем Форест - Фенербахче 1-2:
Турците може да жалат што на ваков начин ги завршија настапите во Европа, бидејќи долго време имаа водство од два гола, но во моментите кога требаше да го зададат третиот удар, „шумарите“ се реагираа и го обезбедија пласманот меѓу најдобрите шеснаесет во Лигата на Европа. Стрелци на головите на натпреварот беа Керем Актуркоглу (2) за Фенер и Калум Хадсон-Одои за домаќинот.
- Селта - ПАОК 1-0:
Екипата на Селта Виго и во вториот натпревар ја потврди улогата на фаворит и повторно го совлада грчки ПАОК, овој пат со 1-0. Пред една седмица во Солун беше 1-2 за гостинот и шпанскиот тим со вкупни 3-1 останува на меѓународна сцена. Единствениот погодок на вечерашниот реванш беше Сведберг во 63. минута.
- Болоња - Бран Берген 1-0:
Победа и на реваншот забележа екипата на Болоња. Калчолигашот на двата натпревари славеше со по 1-0 против Бран и покрај Рома е само вториот тим од Италија кој што останува во игра за трофејот во ова натпреварување. Голот на „Ренато Дел Ара“ го постигна Жоао Марио во деветтата минута од вториот дел.
- Генк - Динамо Загреб 3-3:
Динамо Загреб беше пред подвиг, славеше со 1-3 во регуларниот тек во Генк, па по истоветниот пораз во Хрватска, натпреварот влезе во продолжение. Во екстра-времето Генк постигна два гола и натпреварот заврши 3-3. Со вкупни 6-3 белгискиот тим продолжува во осминафиналето.






