Пирло откри: Кристијано Роналдо се повреди, еве што го чека

Јувентус во средината на вториот дел на натпреварот против Лацио (1-1) остана без најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо кој мораше да биде заменет, а позната е и тежината на неговата повреда.

Андреа Пирло, тренерот на „бјанконерите“, соопшти дека Роналдо за време на натпреварот во Рим се здобил со повреда на зглобот. Првичните проценки е дека не се работи за сериозна повреда и дека тој ќе може да игра наскоро.

Роналдо го чекаат предизвици со репрезентацијата на Португалија и натпревари против Андора, Франција и Холандија за време на ноемврискиот прозорец на УЕФА, но се уште не е точно утврдено дали тој ќе може да им помогне на соиграчите поради повредата.

Италијанскиот првак во дуелот со Лацио имаше предност благодарение на голот на Роналдо, арно ама во 95. минута прими гол и мора да се задоволи само со бод.