Пирло мора да заслужи повисока плата, само седум играчи заработуваат помалку

Јувентус се реши да го „фрли во оган“ Андреа Пирло и му ја додели клупата по отказот на Маурицио Сари и потпиша двегодишен договор со „старата дама“. 

Откако претходно беше промовиран како предводник на У23 екипата, но не се задржа на позицијата и веднаш доби унапредување. 

Интересни информации се појавија во италијанските медиуми, кога беше објавено колку ќе заработува како прв тренер на Јувентус. Пирло ќе биде платен помалку од 90% од играчите во клубот и ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона, плус бонуси. 

Меѓу фудбалерите, пониски примања од Пирло ќе имаат Буфон, Пинсоглио и Мерих Демирал од сениорите, како и младите Беруато, Оливиери, Мураторе и Портанова. Претходникот на италијанската легенда, Сари заработуваше околу шест милиони евра годишно, па Пирло мора да се истакне и докаже за да добие покачување. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.