Пиреја ја чува „двојната круна“, ПАОК се надева на сензација

Сезоната во Грција завршува на најубав можен начин, со финалето во Купот во кое ќе се сретнат клубовите кои во последните години го имаат главниот збор во земјата на југот од Балканскиот полуостров. Од едната страна е Олимпијакос, апсолутен рекордер по бројот на трофеи во локалните натпреварувања (46 шампионски титули, 28 Купови и четири Суперкупа) кој има прилика втор пат по ред, а петти во тековната деценија, да ја завери „двојната круна“. Наспроти него стои ПАОК кој тоа го направи во 2019 година и накратко ја прекина доминацијата на гигантот од Пиреја, а потоа беше единствен кој колку-толку им парираше на „црвено-белите“.

Сите квоти во MOZZART од финалето меѓу ПАОК и Олимпијакос

Атињаните и солунците оваа година се сретнаа во четири наврати и билансот е 2-1-1 во корист на старо-новиот шампион. Последната пресметка беше на 12 мај на Караискакис во претпоследното коло на плеј-офот и му припадна на Олимпијакос со 1-0, со тоа што избраниците на Педро Мартинс потполно доминираа и комотно можеа да запишат и поубедлива победа. Она што го пропуштија против „бело-црните“ го надополнија во дуелот со најголемиот ривал Панатинаикос (4-1) и полни со самодоверба и адреналин го очекуваат ова финале во кое дефинитивно се фаворити.

Секако, ПАОК не би требало предвреме да се отпише затоа што, кажавме, знае да се носи со Олимпијакос, меѓутоа врзаните порази на двете последни пресметки во првенството сведочат за благ пад на формата, иако тоа би требало да се земе со резерва затоа што тимот и пред нив го имаше обезбедено второто место. Но, тоа е слаба утеха, а објективно поквалитетниот состав и сјајната атмосфера во соблекувалната на „црвено-белите“ укажуваат на кец, ама ако не сте сигурни во тој тип обидете се со 2-4 гола.