• Иван Димовски

Екипата на Скопје ги стартува подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
На својот терен на стадионот „Железарница“ во скопската населба Железара беше означен стартот на припремниот период. Фудбалерите се собраа и го одржа првиот тренинг во подготовките.
На кам-бекот во ПМФЛ тимот ќе гостува кај вицепрвакот Шкендија во првото коло, а стартот е закажан за 25/26 јули.
По пауза од три сезони екипата на Скопје повторно ќе се натпреварува во елитата на мак-фудбалот. Последно „пиратите“ играа во ПМФЛ во сезоната 2022/23, а беа дел и од претходниот шампионат. Потоа минаа три сезони меѓу второлигашите, па сега се враќаат во елитата.
