• Зоран Мишевски

Пионерската екипата на Пелистер од Битола, генерација момчиња родени во 2006 година и помлади, се шампиони на Македонија во Суперлигата, а тоа го потврдија со победа над екипата на Шкупи со 3-0 во последното коло од оваа сезона.
Натпреварот се одигра во Битола, на градскиот стадион „Петар Милошевски“ пред завиден број на гледачи.
Екипата на тренерот Мрмарчевски има одлични резултати оваа сезона во однос на своите врсници. Младите пелистерци, составена од дури 28 момчиња од академијата на клубот доминираше низ шампионатот и со стил ја прослави титулата.
Медалите на шампионите им ги врачи претседателот на Пелистер, Митко Стојковски.