Пиоли за спорниот пенал: Холм се фати за глава, a Жиру не направи ништо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Аталанта одиграа нерешено (1-1) во натпреварот од 26. коло на италијанската Серија А. На „чизмата“ имаше гласни реакции за досудениот пенал за тимот од Бергамо во финишот на првото полувреме. 

Имено, Оливие Жиру во обид да ја удри топката, налета на Емил Холм кој театрално падна и го натера судијата Даниеле Орсато да ја провери снимката. Искусниот арбитар кој обично дозволува погруба игра на прв поглед покажа на единаесет метри, а тоа го коментираше тренерот Стефано Пиоли.

„Стартот за пеналот на Аталанта беше многу мек и јас лично сметам дека не беше правилно досуден. Првата причина е што Холм се фати веднаш за глава и падна виткајќи се и жалејќи се на болки во главата, иако беше јасно дека немаше контакт со неговото лице. Поради тоа не смееше да има реакција од ВАР собата. Покрај тоа, Орсато е судија со висок критериум и не суди лесно прекршоци. Жиру не направи апсолутно ништо, па ако Холм не паднеше држејќи се за лице играта само ќе продолжеше“, изјави Пиоли.

  • Спорниот пенал за Аталанта на „Сан Сиро“:

Милан во моментов е на третата позиција на табелата, има пет бода повеќе од Болоња и седум од Аталанта која има меч помалку,