• Горан Упале

Екипата на Милан без посериозни проблеми впиша нови три бода на своето конто во Серија А, откако со новиот блесок на Златан Ибрахимовиќ стигна до сигурна победа од 4-0 над тимот на Кротоне.
По натпреварот, Стефано Пиоли, тренерот на Милан, изјави дека се надева во тоа дека Ибрахимовиќ ќе остане што е можно подолго на „Сан Сиро“.
„Кога го гледаме Ибра како тренира, тогаш не сме изненадени бидејќи тој е вистински шампион. Тешко е да се остане во формата во која е, но тој е таков и секогаш сака да биде на врвно ниво. Златан е среќен тука и искрено сите се надеваме дека тој ќе остане во Милан што е можно подолго“, рече Пиоли.
Покрај Ибра, кој со денешните гола стигна до бројката од 501 погодок во клупската кариера, мрежата на Кротоне ја затресе и Анте Ребиќ, кој исто така беше творец на два гола.