Пиоли обвинува дека голот на Елмас не требаше да важи

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас го постигна одлучувачкиот погодок со кој Наполи славеше на теренот на Милан.

Домашниот тренер Стефано Пиоли смета дека голот на нашиот интернационалец не требаше да важи. Според него, пред да се случи корнерот, имаше аут за неговата екипа, откако се чини дека последен со топката играше Хирвинг Лозано. Судијата не покажа прекин во корист на „росонерите“, па продолжението од акцијата го круниса гостинскиот офанзивец.

Во завршницата Милан можеше да се спаси од пораз. Меѓутоа реализацијата на Френк Кеси беше поништена од ВАР-собата.

Тимот на Лучијанот Спалети се израдува на бодовите со кои се врати на второто место на табелата во Серија А. Интер е лидер со четири бода повеќе од Наполи и Милан,

Состави

Стефано Пиоли

4-2-3-1

    Лучијано Спалети

    4-2-3-1