Пиоли: Нема зошто да се извиниме на навивачите, зарем загубивме намерно?

Фудбалерите на Милан доживеаја дебакл во дербито против лутиот ривал Интер со огромни 5-1 во четвртото коло на Серија А. „Росонерите“ не беа на посакуваното ниво и примија многу лесни голови, за еден од најтешките порази во историјата на „Дерби дела Мадонина“. 

По натпреварот на средбата со медиумите зборуваше тренерот Стефано Пиоли. Тој ги изненади сите, бидејќи на прашањето дали планира да се извини за поразот, имаше интересно гледиште.

„Интер е квалитетен тим, тоа не е изненадување, ама резултатот беше превисок со оглед на нашиот перформанс. Тие беа порешителни и подобри во завршницата. По 3-1 веќе стана многу потешко. Ова е тежок резултат кој боли, ама ќе се обидеме да ни помогне за да се подобриме.

Не се сложувам со идејата дека треба да им се извиниме на навивачите. Зарем мислите дека сакавме да загубиме 5-1 од Интер? Разочарани сме, исто како фановите. Извинување е потребно само ако погрешите намерно. Загубивме пет дербија во низа. Нема што да се оправдува, тоа е веќе дел од историјата. Тешко е, сакавме да го промениме тој сегмент, ама не успеавме“, изјави Пиоли.

Милан е во серија од пет порази од Интер во низа, сите во 2023 година со гол-разлика од 12-1. 

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Стефано Пиоли

    4-3-3