Пиоли им нареди на „росонерите“: Не смее да се падне од врвот!

Милан во овој натпревар влегува од лидерската позиција, но градскиот ривал Интер му дише во врат. Аталанта малку заостанува во таа трка, иако не е предалеку од врвот. Притоа, гостите се познати како некој што знае да ги измачи фаворитите. Таква репутација имаа и пред револуцијата која ја донесе Џан Пјеро Гасперини (вистина, тогаш незгодни беа само во својот Бергамо), а со него на клупата станаа еден од клучните фактори во распределбата на местата кои водат во Европа. Притоа, летово нивниот меѓусебен дуел на „Сан Сиро“ заврши без победник (1-1), додека Милан не победил против „божицата“ како домаќин уште од јануари 2014!

>>> Сите квоти на мечот Милан - Аталанта во MOZZART

Значи, „росонерите“ ги чека многу тешка задача, иако веруваме дека ќе го прекинат тој негативен тренд во средбите со Аталанта. Тренерот на домаќинот, Стефано Пиоли нема да може да смета на суспендираниот стопер и капитен Алесио Ромањоли, кој ќе го прескокне овој меч поради жолт картон кој го доби во понеделникот против Каљари, додека поголем е бројот на играчи чиј настап е под знак прашалник поради повреди. Меѓутоа, се врати опоравениот Златан Ибрахимовиќ, стрелец на двата гола во победата на Сардинија, што би можело да биде пресуден фактор.

>>> Сите квоти во Серија А во MOZZART

Во текот на пишувањето на овој текст, Гасперини немаше премногу кадровски промени, меѓутоа Аталанта во средата играше во заостанатиот меч со Удинезе, па ако ништо друго, неговите избраници ќе бидат поуморни од „росонерите“.

Кога сè ќе се собере нашиот избор е кец, иако признаваме дека ниту еден исход не би бил изненадување. Доколку сметате дека гостите можат дополнително да ја „зачинат“ борбата за скудетото, одберете ГГ.