ВИДЕО: Пинто кој ја донесе Костарика до мундијалската осумка, сега го внесе Хондурас во полуфиналето

По Германија и Нигерија, селекција на Хондурас е третиот полуфиналист на олимпискиот фудбалски турнир, откако по елиминацијата на Аргентина, успеа да ја победи и Јужна Кореја со 0-1 (0-0) и со тоа ќе игра во полуфиналето против победникот од мечот Бразил - Колумбија.

Единствениот гол на средбата го постигна Алберт Елис во 59. минута. Ова е сензационален успех за оваа мала земја, но и за селекторот Колумбиецот Хорхе Луис Пинто, кој со Костарика на последниот Мундијал стигна до четвртфиналето. 

Германија и Нигерија го сочинуваат првиот пар од полуфиналето почетири дена.