• Иван Димовски
По првата рунда во Купот на Македонија, викендов продолжуваат возбудувањата во Првата макеоднска фудбалска лига со дуелите од шестото коло.
Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегира официјалните лица за сите шест средби. Дербито меѓу Струга и Шкупи крај Охридското езеро го доби Димитар Пилешков, додека најдобриот македонски судија Александар Ставрев патува во Кавадарци за мечот на Тиквеш и Вардар.
- Судии за шестото коло во Првата лига:
Тиквеш - Вардар (Александар Ставрев, Скопје)
Силекс - Гостивар (Александар Грујоски, Кичево)
Шкендија - Воска Спорт (Марјан Младеновски, Скопје)
Струга Трим Љум - Шкупи (Димитар Пилешков, Штип)
Беса 1976 - Пелистер (Јован Качевски, Струга)
Работнички - Брера Струмица (Игор Стојчевски, Скопје)
Сите шест натпревари од шестата рунда се играат в недела во терминот од 15:00 часот.