Пикси: Србија не дојде да се фотографира на Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, изјави дека неговата репрезентација е максимално подготвена за настапот на Европското првенство и најави голема борба за прогрес во елиминациската фаза. 

„Орлите“ веќе заминаа за Германија и наскоро се очекува да го одржат првиот тренинг, а легендарниот Пикси вели дека никој не дошол да се фотографира и да бара некаква популарност, туку целта е само фудбалот и успешниот настап на тимот. 

„Ние одамна рековме дека сите сме со задинички дух и имаме голема меѓусебна почит. Србија има одлични играчи кои можат да совладаат било кого. Не дојдовме во Германија за да се фотографираме или да бараме некаква популарност. 

Нашите играчи се ѕвезди во своите клубови, но тука се работи за сосема поинаков концепт. Србија првпат игра на континенталните собири, па затоа сакаме овој настап да биде историски. Групата е тешка, но и ние ќе бидеме тежок противник за сите наши ривали“, изјави Стојковиќ.  

Србија ќе ја стартува својата авантура со мечот против Англија, кој е закажан за шеснаесетти јуни, со почеток во 21:00 часот.