Пикси: Оваа Србија не се плаши од никого, па дури ни од еден Бразил!

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси не го смета Бразил како репрезентација која е невозможно да се победи.

Вечерва „орлите“ ги чека најтешкиот можен предизвик на Мундијалот, дуел со моќниот Бразил, првиот фаворит за титулата во Катар.

„Рековте дека четворица напаѓачи ќе играат против Србија? Тогаш сме готови... Но, дали некој ќе игра во одбраната? Бразил е голем тим и еден од најдобрите во светот и тоа е златна генерација на фудбалери. Бразил има шанса да победи, но ние не се плашиме од никого на светот - дури ни од Бразил. Извинете, но вистина е, не се плашиме од никого“, рече легендата на српскиот фудбал.

Натпреварот кој го има епитетот дерби на првото коло, започнува од 20:00 часот по средноевропско време се игра на најголемиот стадион во Доха, „Лусаил Иконик“, со капацитет од 88.000 седишта.