• Иван Димовски

Селекцијата на Србија гостува во Осло кај Норвешка во одлучувачката пресметка за пласман на првото место во групата на Лигата на нациите. Победа ги води „орлите“ во А конкуренцијата, но јасно е дека нема да биде лесно против скандинавскиот ривал.
Во пресрет на мечот, интересна изјава даде селекторот на Србите, Драган Стојковиќ - Пикси, поврзана за најдобриот норвешки играч Ерлинг Халанд.
„Јас не сум готвач за да барам рецепт за спречување на Халанд... Сум кажал многу пати, се работи за фантастичен играч кој игра во еден од најдобрите светски клубови. Опкружен е со соиграчи од светска класа во Манчестер Сити и секако дека во таква ситуација талентот доаѓа до полн израз. Сепак, натпреварот кој Норвешка го загуби во Словенија потврдува дека и за Халанд има решение. Тешко е да го запреш, ама не и невозможно“, кажа Пикси.
Норвежаните славеа на првиот натпревар во Белград со 1-0 и сега имаат можност да останат први и при реми, поради подобар меѓусебен дуел.