Пикси ја памети пораката на Марадона: Драган слушај ме, биди внимателен...

Марадона

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ - Пикси, направи интервју со „Газета дело Спорт“ во кое откри интересен разговор со покојниот Диего Армандо Марадона.

Србинот го откри советот кој го добил од аргентинскиот генијалец, кој почина пред точно една година.

„Првпат го видов Марадона на Светското првенство во Италија. Тоа се случи на натпреварот Југославија - Аргентина кој се играше во Фиренца. Бев импресиониран, внимателно го гледав на загревањето и на крајот од мечот си разменивме дресови. Тоа е најубавиот сувенир во мојата играчка кариера заедно со дресот на Платини.

Кога дојдов во Верона имав можност да разговарам со него на телефон и тогаш ми рече: Слушај Драган, внимавај, дефанзивците во Италија се многу груби и подли...“, открива Пикси.

Неодамна Стојковиќ се израдува со својата репрезентација на директен пласман на Мундијалот во Катар. Победата над Португалија со доцниот погодок на Александар Митровиќ донесе огромна радост кај српските фудбалери во последното коло од квалификациите.