Пикси до Роналдо: Мило ми е ако топката ја мина линијата, ние никогаш...

Пикси Роналдо

Кристијано Роналдо имаше што да каже по мечот против Србија, на кој Португалија поради судиски пропуст не победи во надополнувањето.

Повеќе од две недели подоцна и натаму се зборува за „фантомскиот“ погодок на капитенот на гостите. Судиите не го признаа, а Роналдо реагираше гневно, флрајќи ја капитенската трака и излегувајќи од теренот без да се поздрави со никого.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси неодамна зборуваше и кажа зошто му е мило што топката ја мина линијата во оваа полемична ситуација.

„Една снимка покажува дека топката ја преминала гол-линијата. Другата, кога ќе ја погледнете од висина, дека не ја преминала, она што Србите ќе го кажат почесто. Ги видов двете снимки и сега тоа е минато. И ако ја преминала, тогаш јас сум среќен за тоа. Претходно имавме многу неправди, но не плачевме, не баравме јавно извинување од никого...

Португалија немаше да заслужи да победи дури и да им беше признат гол. Тие се најдобри во Европа, но ние целосно ги надигравме на „Рајко Митиќ“. Ако го вратите филмот 20 минути порано, требаше да добиеме чист пенал. Топката ја погоди раката на играчот број четири и судијата не досуди пенал во наша корист. Немаат право да бидат лути, треба да бидат среќни што не ја загубија средбата“, вели Пикси.

Роналдо одби да ја одигра последната минута од натпреварот и едвај чекаше за да „побегне“ од теренот во Белград. За тоа однесување доби многу критики од пошироката фудбалска јавност.