Пике се повреди во Неапол, неизвесен за неделното „Ел Класико“?

Пике повреда

Финалните минути од мечот меѓу Наполи и Барселона донесоа повреда за искусниот дефанзивец на гостите, Жерард Пике. Шпанецот мораше да биде заменет од Клемен Ленгле, бидејќи почувствува болки во левиот скочен зглоб. Причината за тоа беше незгодниот чекор при една интервенција во својот шеснаесетник.

Гостинскиот фудбалер падна на тревникот и веднаш побара медицинска помош. Знаејќи дека има уште една замена, Кике Сетиен не сакаше да ризикува и го повлече од игра.

Уште не е потврдено присуството на Пике на неделното дерби против Реал Мадрид, кое одлучува многу во трката за титулата во Примера. Медицинските прегледи ќе се очекуваат со нетрпение меѓу фановите на каталонскиот тим, постои нескриен оптимизам дека повредата не е сериозни и Пике ќе биде подготвен за настап.

„Кралевите“ се домаќини на второто сезонско „Ел Класико“ в недела со почеток од 21:00 часот.