Пике: Подобро е да се загуби на почетокот отколку на крајот на сезоната

Барса прими гол во финишот на натпреварот во Билбао против домашниот Атлетик и во периодот во кој играше најпозитивно, го загуби натпреварот против агресивните Баскијци. 

Капитенот на шпанскиот првак Жерард Пике призна дека екипата не е воиграна и заклучи дека сепак подобро е да се загуби на почетокот од шампионатот, отколку на крајот.

„Не бевме на нашето ниво, а тие притискаа многу, посебно во првиот дел. Подобро е да загубиш на стартот, отколку при крајот на сезоната. Само што ззавршија подготовките, клубот доби нови играчи, па ќе ни треба малку време за да фатиме вистински колосек“, рече Пике.

Барса не загубила на воведниот натпревар од Примера уште од првата сезона на Пеп Гвардиола пред цела една деценија. Кај бубмејкерите и покрај овој пораз шампионот останува најсериозен кандидат за одбрана на титулата во Примера.