Пике: Мурињо беше една од причините за заминувањето на Пеп од Барселона

Пике

Жозе Мурињо успеа да освои неколку титули со Реал Мадрид и постави рекорди кои и денес стојат во шпанскиот шампионат. Доаѓањето на португалскиот тренер донесе и разгорување на ривалството со Барселона, која во тие години ја предводеше Пеп Гвардиола.

Жерард Пике се сети на моментите кога беше уништена врската меѓу фудбалерите на двете екипи. Дури и раскажа за момент кога не доби реакција при обид да се поздрави со Икер Касиљас, тогашниот голман на „кралевите“.

„Во тој период беше многу тешко во Шпанија. Се сеќавам дека првиот пат кога Мурињо дојде на „Камп Ноу“ со Мадрид, откако ја освои тројната круна со Интер, загуби со 5-0. Но, точно е дека на прес-конференциите тој провоцираше подолго време. Неговите изјави немаа никаква врска со фудбалот. Во тоа време, тој уништи многу начини на кои што гледавме на фудбалот. Дури и односот со играчите. Мурињо влезе во главата на своите играчи. Тие му веруваа дека имаме омраза кон нив. Се сеќавам еднаш сакав да се поздравам со Икер, а тој не зборуваше со мене. Моравме да направиме голем напор за играчите на Барселона и Реал Мадрид одново да комуницираат. Гвардиола си замина поради многу причини, но сигурен сум дека една од нив беше и Мурињо“, изјави шпанскиот дефанзивец.

Гвардиола замина во Баерн Минхен во 2012 година, а дванаесет месеци подоцна и Мурињо ја напушти шпанската престолнина. Така заврши нивното жестоко ривалство во шпанска Примера.