Пике: Ќе завршам во Барса, играњето за мојот матичен клуб е сон за мене

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике изјави планира да ја заврши кариерата во матичниот клуб. Дефанзивецот не сака да замине во Соединетите Американски Држави и Катар и сака да игра компетитивен фудбал до крајот на професионалната кариера. 

„Последниот тим во мојата кариера ќе биде Барселона. Нема да играм за друг клуб, затоа што играм фудбал само затоа што цел живот сум навивач на Барса.

Играњето за Барселона е мојот најголем сон. Сè додека се чувствувам силно и подготвено да играм, ќе продолжам да се појавувам на теренот. Штом тоа ќе престане, ќе го напуштам фудбалот“, смета Пике.

Каталонецот има договор со Барселона до 2022 година, а освен за матичниот клуб играше уште и за Сарагоза и Манчестер Јунајтед.

Уште пред повеќе од една година Пике се прости од дресот со државниот грб на шпанската селекција, но настапува за репрезентацијата на Каталонија.