Пике како Рамос, намерно „пожолте“ за да биде дел од првото сезонско „Ел Класико“

Пике

Доста полемики донесе петтиот жолт картон на Жерард Пике оваа сезона. Дефанзивецот на Барселона заработи јавна опомена на дуелот со Севиља, на само два натпревари до големото дерби против Реал Мадрид.

Шпанецот доби жолт картон поради шутирање на топката по судискиот свиреж, што донесе сомнеж во јавноста дека овој негов потег е направен со намера. 

32-годишникот се очекува да биде подготвен за првото сезонско „Ел Класико“, со оглед на тоа што ќе го пропушти следниот натпревар во Примера против Еибар. 

Оваа негова реакција многумина ја споредија со постапките на Серхио Рамос во минатото. Најдобриот одбранбен играч на „кралевите“ во неколку наврати намерно правел прекршоци за опомена од главниот судија, со цел да биде достапен за важните натпревари.

Барса ќе го пречека вечниот ривал од Мадрид на 26 октомври со почеток од 13:00 часот.