Пике: Барса ја сакам повеќе од сè, сигурен сум дека повторно ќе се вратам

Пике

Жерард Пике го одигра последниот меч за Барселона и најави фудбалска пензија. Победата над Алмерија беше одличен начин тој да каже збогум на клубот и навивачите на „Камп Ноу“.

Трофејниот дефанзивец испиша една ера заедно со каталонската екипа. Оваа сезона Чави Хернандез не му даваше преголема минутажа, па тоа беше причината поради која ветеранот одлучи да го преземе овој чекор во својот живот.

„Ви благодарам на сите. Во животот, кога малку ќе остариш, понекогаш сфаќаш што е љубов и кој е моментот кога треба да заминете од некоја ситуација. Сигурен сум дека во иднина повторно ќе бидам тука, ова не е „збогум“. Ја сакам Барса повеќе од сè и затоа решив дека е вистинско време да се повлечам. Тука сум роден, овде ќе умрам“, изјави Пике по мечот.

Планот на Пике, според пишувањата на шпанските меидуми, е да се кандидира за претседателската функција во 2024 година. Тоа е негов сон, кој го искажа пред јавноста во неколку наврати.

Состави

Чави

4-3-3

    Rubi

    5-3-2