Петровски: Бевме оштетени во Гевгелија, но со Караорман ни играат само три бода

Пелистер го очекува знзчаен дуел дуел во рамките од шестото коло Втората македонска фудбалска лига и на домашен терен ќе се сретне со екипата на Караорман. Битолчани го одработија последниот тренинг пред новиот предизвик, а свои иочекувања изнесоа искусниот Филип Миленковски и голманот Илче Петровски

„Атмосферата е одлична. Работиме добро и мислам дека мора да ги задржиме бодовите во Битола. Го респектираме Караорман, но мораме да се фокусираме и да триумфираме“, рече Миленковски. 

Пелистер е во моментов на четвртото место на табелата во ВМФЛ, со десет бода на своето конто, но голманот Илче Петровски смета дека ситуацијата можела да биде поинаква по натпреварот со Кожуф

„За натпреварот со Караорман сме максимално подготвени и бодовите остануваат кај нас. Мислам дека и во следните две кола сме фаворити и можеме да дојдеме до нови триумфи. Што се однесува до минатото коло, сметам дека на мечот со Кожуф бевме оштетени. Нам ни беше поништен чист гол, додека нивниот втор гол беше постигнат од чиста офсајд-ситуација“, заклучи Петровски.  

Екипата на Пелистер ќе ја има фаворитската улога на натпреварот со Караорман. Со евентуална победа, битолчани ќе имаат можност да се искачат на едно од првите три места на табелата во ВМФЛ.