Петр Чех се повлече од функцијата советник во Челзи

Петр Чех, легендарниот голман на Челзиц реши да ја прекине соработката со лондонскиот гигант и нема повеќе да ја извршува функцијата советник во раководството на клубот.

По запознавањето со новиот сопственик, Тод Боели, тој е првиот од старата администрација што го напушти „Стемфорд Бриџ“. Се очекува да ги ослободи канцелариите на клубот до крајот на овој месец, а тамошните медиуми пишуваат дека тој нема да биде единствениот кој заминува.

Оставка наскоро треба да си поднесе и директорот Брус Бак, а од клубот заминува и Марина Грановскаја, долгогодишниот прв соработник на поранешниот сопственик Роман Абрамович.

Челзи ќе претрпи големи проблеми и во играчкиот кадар, а многу веројатно на клупата ќе остане германскиот стратег Томас Тухел.