Петмина од шампионскиот тим во Букурешт ќе играат за втор трофеј во ЛЕ

Пет фудбалери на Атлетико Мадрид од Букурешт 2012 година и вечерва се во ростерот на Диего Симеоне и имаат можност да ја освојат втората титула од Лига Европа во својата историја. Тројца не го менуваа клубот шест години, а двајца заминаа во Англија, па пак се вратија во Мадрид.

Петмината кои веќе знаат како е да се освои трофеј од Лига Европа во дресот на Атлетико Мадрид се Габи, Хуанфран, Саул, Диего Коста и Фелипе Луис. Последните двајца од Челзи се вратија во Атлетико Мадрид, откако веќе ја освоија Премиер лигата.

Ниту еден фудбалер од тимот кој во Хамбург ја освои Лига Европа во 2010 година не се во ростерот кој вечерва ќе се обиде по третпат да го подигне сребрениот пехар на УЕФА. Таа генерација ја предводеше Кике Санчез Флорес на клупата и Диего Форлан во нападот.