Петковиќ: Убеден сум дека можеме да го повториме овој подвиг

Ниту најголемите оптимисти во швајцарскиот табор не очекуваа победа над светскиот првак Франција во осминафиналето на Европското првенство. Оваа летна вечер во Букурешт е една од најголемите во историјата на швајцарскиот фудбал, а архитектот на успехот, селекторот Владимир Петковиќ, напомена дека е убеден дека овој подвиг може да се повтори.

Стручњакот, роден во Босна и Херцеговина, веќе ги надмина бројките на Отмар Хицфилд, а турнирот уште не завршил и неговата Швајцарија има енергија за уште некој подвиг. 

„Горд сум на постигнатото. Немаме многу време да славиме, бидејќи доаѓа четвртфиналето. Убеден сум дека можеме овој подвиг да го повториме. Но, мора да го заборавиме брзо овој натпревар и да покажеме дека како и досега, можеме да се издигнеме после секоја критика, како и по пофалбите. Од утре започнуваме да мислиме на Шпанија“, рече Петковиќ.

Прв и до овој момент последен пат кога Швајцарија играла четвртфинале на едно големо натпреварување е Светското првенство во Шведска во 1954 година.

Состави

Дидие Дешамп

3-4-1-2

    Мурат Јакин

    5-3-2