• Горан Упале

Прволигашот Башкими 1947 успеа да обезбеди прволигашки статус и веќе започна со реконструкција на тимот за предизвиците во новата сезона. Покрај најавите за нови фудбалери има и заминувања. Така, од кумановскиот клуб си заминува Анатолиј Петејчук, фудбалер кој го носеше дресот на Башкими една сезона.
Иако е млад по години, има 24, Петејчук веќе поседува значајно искуство од македонскиот фудбал, каде настапуваше за Вардар, Победа и Беласица, додека имаше и кратки авантури во Германија и Хрватска.
Башкими, сезоната во ПМФЛ ја заврши на седмата позиција со единаесет победи, девет реми исходи и тринаесет порази.
