ВИДЕО: „Петарда“ на Ливерпул против Вотфорд, Сити се намачи со Вест Хем! 

Фудбалерите на Ливерпул по ремито со големиот ривал Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (0-0), им се вратија на победите во Премиер лигата и со сигурна игра и прекрасни голови го совладаа тимот на Вотфорд со 5-0 (2-0). 

„Црвените“ иако без неколку стандардни првотимци немаа поголеми проблеми против незгодниот тим од Лондон, кој оваа сезона игра фантастично и котира високо на табелата во англискиот шампионат (седмо место).

Најрасположен фудбалер на Јирген Клоп, на вечерашниот меч на „Енфилд“, беше Садио Мане, кој ја продолжи голгетерската форма и со два брзи гола во првиот период го отпиша Вотфорд. Првиот го постигна во 9. минута, по асистенцијата на Робертсон, додека вториот беше вистинско ремек-дело, откако најпрво избегна офсајд ситуација и навремено се уфрли, за потоа со мајсторска пета од 11 метри го совлада Фостер за големо задоволство на домашните фанови. 

Во вториот дел темпото на игра спласна, но тоа не им пречеше на домашните фудбалери да постигнат уште три гола во противничката мрежа. Голеадата во продолжението ја отвори Ориги, за потоа Ван Дајк со два гола да ги поставни конечните 5-0.  

Во борбата за титулата на Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити продолжи да го следи чекорот на Ливерпул и потешко од очекуваното со минимални 1-0 успеа да слави над незгодниот Вест Хем. Херој на „граѓаните“ беше првиот стрелец на тимот, Серхио Агуеро, кој во 59. минута беше прецизен од удар од 11 метри. Со оваа победа, Сити остана на само бод негатива во однос на лидерот Ливерпул, но му „избега“ на +8 на Тотенхем кој вечерва го загуби градското дерби со Челзи