Петар Петковски продолжува во Романија, потпиша за Сепси

Македонскиот репрезентативец Петар Петковски својата кариера ќе ја продолжи надвор од Македонија, затоа што потпиша за романски Сепси.

Петковски имаше одлична полусезона во дресот на Работнички и беше еден од најдобрите играчи. Но, двете страни не го продолжија договорот, па напаѓачот ќе продолжи во романски Сепси, во чии редови претходно настапуваа уште неколку Македонци.

За Петковски ова ќе биде прва интернационална авантура, а претходно во Македонија настапуваше за Вардар и Работнички.

На официјализација на договорот, Петковски ќе замине в среда. Двете страни ќе потпишат договор на две години, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.