Петар Петковски не е повеќе дел од романска Конкордија

Македонскиот фудбалер и поранешен У21-репрезентативец на Македонија, Петар Петковски и официјално повеќе не е дел од романскиот второлигаш Конкордија.

Петковски, кој во Конкордија пристигна во 2023 година, одигра значајна улога во средниот ред на тимот, но по завршувањето на сезоната двете страни одлучија да тргнат по различни патишта.

Во моментов останува непознато каде ќе ја продолжи својата кариера македонскиот офанзивец, кој претходно настапуваше и за Вардар, Работнички и романски Ботошани.