ВИДЕО: Петковски ја скрши одбраната на Хонвед, но Унгарците возвратија со - еврогол!

Македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа, екипата на Работнички и унгарски Хонвед на полувреме играат со резултат 1-1, поради два гола во финишот.

Работнички поведе со погодок на Петар Петковски, кој е најистурен во нападот. Брзиот Петковски погоди во 33. минута, откако доби одлична топка од Пеев. Напаѓачот излезе еден на еден со голманот и биеше во небранетиот агол на голманот Гроф.

За 21-годишниот Петковски ова е прв гол во европските натпревари со Работнички. Претходно го носеше дресот на Вардар, а со У21 репрезентацијата на Македонија настапи на Европското првенство во Полска минатата година.

Но, Хонвед не остана должен, па со вистински еврогол пред самиот финиш на првиот дел кој беше дело на Герго Наѓ, изедначи на 1-1. 25-годишниот фудбалер за врска цела кариера е во дресот на Хонвед и само во младинските категории мина една сезона во дресот на Бекешчаба. 

Со овој гол во гостин, унгарскиот претставник во Лига Европа стекна блага предност по една четвртина од двомечот.