ВИДЕО: Петања ѝ даде лажна надеж на Монца, Болоња ја слави првата гостинска победа

Екипата на Монца го впиша третиот пораз во низа во Серија А, вкупно осми во сезоната, откако пред својата публика преку пресврт го загуби натпреварот од Болоња, со резултат 1-2 (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

Во последниот натпревар од 12. коло во италијанското првенство се одиграа две сосема различни полувремиња – прво без многу возбудувања и фантастично второ со отворен фудбал и три гола. Резултатот беше отворен во 57. минута, кога Петања погоди од најстрога казна и им даде надеж на домашните фанови дека серијата порази ќе биде прекината.

Но, Болоња не мислеше така. Само три минути подоцна Фергусон израмни на 1-1, во 73. минути по одлична тимска акција Орсолини донесе молк на трибините и прва победа на Болоња како гостин сезонава во Серија А.

Во следното коло Болоња на свој терен ќе се судри со Торино, додека Монца ќе биде домаќин на Верона, која што денес исто така водеше, но остана со празни раце на дуелот со Рома (1-3).

Состави

Рафаеле Паладино

3-4-2-1

    Тиаго Мота

    4-2-3-1