ВИДЕО: Пета на Рамос, велемајстории на Меси и Нејмар – ПСЖ го грабна Суперкуп-трофејот!

Екипата на Пари Сен Жермен е освојувач на Суперкупот на Франција. Првиот овосезонски трофеј во францускиот фудбал ќе ги краси витрините на шампионот на Лига 1, откако „светците“ со спектакуларна партија во Тел Авив со убедливи 4-0 го совладаа составот на Нант.

  • Извештај од натпреварот:

Ѕвездениот тим на ПСЖ му овозможи незаборавно добредојде на новиот стратег на тимот. Кристоф Галтие за првпат го водеше парискиот тим на еден официјален натпревар и можеше само да ужива во она што го прикажаа неговите избраници на терен. Парижани до посакуваниот триумф дојдоа со по два гола во двете полувремиња, а она што треба да се напомене е дека првите три беа велемајсторски!

Незаборавната ноќ ја отвори Лионел Меси во 22. минута. Аргентинскиот виртуоз прими топка пред казнениот простор, го мина голманот, го испрати чуварот на спротивната страна и шутираше во мрежата на „канаринците“ (1-0). Пред самиот крај на полувремето следуваше нова „магија“, но овој пат во режија на Нејмар. Бразилецот со хируршки прецизен слободен удар го зголеми водството на својот тим од 2-0, резултат со кој се замина на одмор.

На стартот од вториот дел следуваше нова ерупција на трибините и мајсторски гол со пета на Серхио Рамос, додека во самата завршница Нејмар од пенал ги постави конечните 4-0.

Новата сезона во францускиот шампионат започнува следниот викенд. ПСЖ ќе се судри со Клермонт, додека Нант гостува кај Анжер.

Состави

Луис Енрике

3-4-3

    Antoine Kombouare

    3-4-1-2