Пет прволигаши и три второлигаши ја чекаат ждрепката, Куп-четвртфиналето напролет

Тетовска Шкендија е последниот четвртфиналист на фудбалскиот Куп на Македонија, откако во средата во последниот меч од осминафиналето славеше со 2-0 над Тиквеш во Тетово.

Пет прволигаши и три второлигашки ќе се борат за пласман во полуфиналето. Пласман во четвртфиналето изборија прволигашите: Работички, Струга, Силекс, Вардар и Шкендија, како и второлигашите: Охрид, Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново.

Деновиве следи ждрепката, која ќе ги одреди четвртфиналните двојки, кои ќе се играат напролет. Во оваа фаза од Купот ќе се одигра еден натпревар, а доколку нема победник во регуларниот дел ќе се оди кон директно изведување на пенали за прогрес во полуфиналето.

Бранител на титулата во Купот на Македонија е Вардар.