ВИДЕО: Пет пенали во Слутск, важни гостински бодови за Минск

По вчерашното затишје, денешните последни два натпревари од првото коло на белорускиот фудбалски шампионат донесоа многу голови и возбудувања. 

Слутск пред своите гледачи го совлада тимот на Славија Мозир со 3-1, во дуел со пет пенали во деведесет минути. Сердук беше автор на два гола, а еден постигна Такулов. Чуклеј од пенал го постигна единствениот гол за гостите. Домашниот фудбалер Сослан Такулов не реализира најстрога казна при 1-1. По исклучувањето на Тимоњук во 70. минута гостинската екипа натпреварот го доигра со десет фудбалери.

Минск запиша гостинска победа кај Белшина со 1-3. Васиљев, Квашчински и Ружук ги постигнаа головите за победничкиот тим, а Ковел беше стрелец на единствениот гол за поразената домашна екипа.

  • Слутск – Славија Мозир 3-1: 

  • Белшина - Минск 1-3: 

Второто коло од шампионатот е предвидено за 4 и 5 април.