ВИДЕО: „Пет од пет“ за Ајакс, Але со два гола го остави Бешикташ на нула во ЛШ

Фудбалерите на Ајакс продолжуваат со фантастичните настапи во Лигата на шампионите оваа сезона и ја впишаа петтата победа од исто толку натпревари во елитата. Во првиот вечерашен меч од групата Ц, холандскиот шампион одново покажа карактер и тимски дух и преку пресврт славеше минимална победа над очајниот Бешикташ.

  • Извештај од натпреварот:

„Копјаниците“ беа тие кои подобро го отворија мечот во „Водафон Парк“ и први се заканија пред противничкиот гол, но прв на погодок се радуваше домаќинот. По една игра со рака во казнениот простор, Бешикташ доби удар од единаесет метри, а сигурен реализатор беше Гезал за водство од 1-0 во 22. минута. 

По примениот гол испушти неколку можности за експресно да се врати во игра и да го израмни резултатот, но турскиот тим се одбрани и на одмор замина со минимална предност. Клучниот момент на натпреварот се случи меѓу двете полувремиња, кога гостинскиот стратег Тен Хаг го остави Дарами во соблекувалната и во игра го внесе поискусниот Але.

Токму напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска најпрво во 54. минута, а потоа и во 69. минута  ја затресе домашната мрежа и се избори за нова победа на Ајакс во Лигата на шампионите. 

Во рамки од групата Ц, вечерва за важни бодови ќе се борат Борусија Дортмунд и Спортинг

Состави

Sergen Yalcin

4-2-3-1

    Erik ten Hag

    4-3-3