• Саше Љолес
Екипата на Глазгов Ренџерс го совлада вечниот градски ривал Селтик со конечни 1-3 (1-0) во големото „Олд Фирм“ дерби на шкотскиот Премиершип, во натпреварот кој се одигра во рамките на 21. коло.
- Извештај од натпреварот:
„Полицајците“ до триумфот стигнаа со пресврт во второто полувреме, откако имаа негатива по голот на Хјун Јун Јанд во првите 45 минути. Два гола за Ренџерс во вториот дел постигна Португалецот Шермити, а конечните 1-3 беа дело на Аннгличанецот Мајки Мур во 71. минута од натпреварот.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше на клупата за резервни фудбалери, а на теренот втрча дури на почетокот на судиското надополнување и заработи „експресен“ жолт картон по само неколку секунди.
Со оваа победа, Глазгов Ренџерс го израмни бодовното салдо со градскиот ривал (38), и сега има три бода помалку од лидерот Хартс. Битката за шампионската титула во Шкотска се разгорува и ветува драматична завршница на сезоната.
Куриозитет е фактот дека ниту еден друг тим освен градските ривали од Глазгов ја нема освоено титулата во изминатите четири децении.



